КОНКУРС
Прилеп, 22.01.2010
МИКРОСАМ-Академијата за таленти – Прилеп, распишува конкурс за пријавување на кандидати, за посета на курс од областа на техничките науки.
Курсот во чии рамки ќе се изучува Програмирање во С++ IIи Нумеричка анализа, започнува на 8.Март 2010 година.
Курсот е бесплатен, а по неговото завршување, лицата кои го посетувале, се стекнуваат со Сертификати.
Кандидатите треба да се на возраст од 18-30 години, да имаат познавање од основно програмирање во C++ или општо програмирање и математика и да се подготвени за прифаќање на предизвиците за усовршување.
Влезното тестирање ќе се врши на 16.02.2010година.
Континуирано пријавување на сите заинтересирани, се врши на:
048 400-100; 048 434 072; akademija@mikrosam.com
Конкурсот трае до 15.02.2010година.
<<Назад
|