Home /Микросам Академија/Предавачи
Site Map    
 
Home
About Us
New! Automated fiber placement
Impregnating Machines
Filament Winding
CNC Machines
Auxiliary Equipment
Wind Energy
Mikrosam Academy
Support
Contact

 

Предавачи:
  • Д–р Анка Трајковска–Петкоска: Полимерни композити (нано vs. микро): Краток преглед на нивните карактеристики и евентуалната примена. –„Многу е важно да се направи правилен избор на полимер, допант и метод на производство, со цел да се добијат посакуваните карактеристики на композитот.Спроводливоста на крајните композити многу зависи од соодносот на допантот. Обработката и механичките својства исто така зависат од структурата на допантот."

  • Самоил Самак, програмер во Microsoft, САД: Вовед во меморија и покажувачи –„Разбирањето на моделот на меморија кој C++ го нуди, е клучен за ефикасно користење на ресурсите и за разбирање на апстракцијата врз компјутерот која јазикот ја нуди."

     

  • М–р Александар Стефановски, докторант по имформатика и асистент на Универзитет Џорџ Вашингтон, САД: Вибро–тактилна повратна информација за подобрена контрола на Урбани роботи за трагање и спасување. –„Презентираниот систем е наменет за серија на емпириски студии за евалуација на корисноста на вибро–тактилниот дисплеј во трагачките и спасувачките мисии. Вибро–тактилното прикажување никогаш нема потполно да го замени аудио и визуелното, но значително ќе ја подобри изведбата."

  • Игор Лештар, Со–основач и извршен директор на Seavus: Развојно знаење –„Средства за производство не се повеќе машини + технологија + €. Тоа е човечкиот ум + споделувањето на знаење со цел да се создадат нови вредности. Човечкиот ум е многу поважен од капиталот и технологијата."

  • Весна Стојаноска, докторант по математика на Универзитетот Northwestern, Evanston, Illinois, САД: Теорија на категории. –„Теоријата на категории, во најмала рака претставува моќен јазик во математиката, а се повеќе и во информатиката. Повеќе од тоа, перспективите што ги отвара овозможија целосна “револуција” во многу научни области.

  • Питер Лампесис – в.д. Директор на УСАИД: Новите глобални бизнис-трендови: Патот кон изградба на партнерство помеѓу оние кои бараат работа и бизнисот. –„Засекогаш остануваме запаметени по трагите кои ги оставаме."

     

  • Валентин Ѓорѓиоски – докторант по информатика, на институт Јожеф Штефан, Словенија: KDD–Процеси и индуктивни бази на податоци –„Светот не е толку рамен. Светот има структура, податоците, информациите во светот имаат некаква структура. Мора да ја земеме во предвид структурата, а не да ја уништиме."

     

  • Филип Мисовски, Директор на производен менаџмент SAP NetWeaver, Германија: Компаниски софтвер – Денес и утре : „Зошто прототип? - Бидејќи е подобро, побрзо, поефтино и ако не згрешавате, значи не се трудите доволно!"

 

  • Питер Бок (Peter Bock), Професор по машинска интелигенција и когниција, Директор на проектот ALISA, Оддел за компјутерска наука, Универзитет George Washington, Вашингтон, САД

 

  1. Можат ли машините да мислат?: Појавата на вештачката когниција – „ ...врз основа на ова знаење за хардверот и софтверот на мозокот, наскоро би можеле да изнајдеме решение за тестирање на хипотезата дека машината може да има когнитивни способности на исто ниво со човечките способности, и интелектуални и емоционални, иако не човечки.

  2. Неурон: Неговиот пресметковен процесор и архитектура – „Оваа дискусија претпоставува постоење на хипотетички супер неурон кој не постои per se, но прецизно ги демонстрира функционалните способности на сите различни видови на неурони.“

  3. Конфронтирање со загатката на Кант: Она што го гледате е (не секогаш) она што го добивате – „Би требало да се оддаде почит на Кантовата Предупредувачка критика и да се применат овие нови познавања во дизајнот на нашите машини со цел да се оптимизира нивната интеракција со нивните клиенти - - -  ние.“

  4. ALISA: Адаптивно учење за анализа на слики и сигнали – „Долгорочното истражување во проектот ALISA се фокусира на продолжување на ALISA во успешни и повисоки адаптивни нивоа на визуелна класификација:  текстури → геометрии → компоненти → форми → објекти → сцени, користејќи повратна информација од повисоките кон пониските нивоа, за  недвосмисленост и задавање на симболична вредност.“

  5. Методи на истражување и развој за наука и инженерство: Краток преглед – „Следејќи го научниот метод, се дискутира на четири поврзани теми: типичните проблеми кои спречуваат ефикасно и точно спроведување на задачите на индустриско истражување и развој (Анализа); јасна дефиниција за целите и метричката изведба на задачите (Хипотеза); доследност во повторната примена на Научниот метод (Синтеза); и селекција на статистички методи за донесување значајни заклучоци за остварувањето на целите на задачите (Оправданост).“

 

Фото галерија

<<Назад

 

 

EXHIBITIONS

COMPOSITE-EXPO - 2010
3rd International Specialized Exhibition in Moscow Russia
February 24-26, 2010
Pavilion 1, Hall 1, Crocus Expo
Moscow
Russia

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
 
©Copyright 2008 A.D. MIKROSAM