
КОНКУРС
Прилеп, 11.08.2008
МИКРОСАМ-Академијата за таленти – Прилеп, распишува Трет конкурс за пријавување на кадри, за посета на курс од областа на техничките науки.
Третиот курс, во рамки на кој ќе се изучува Нумеричка анализа и Напредно програмирање во С++ со развивање на апликации, ќе започне од крајот на август, 2008 година, со времетраење од 6-7 месеци. Се повикуваат сите, кои поседуваат напредни знаења во C++ програмирање, како и желба за понатамошно доусовршување, да се пријават на отворениот конкурс.
Курсот е бесплатен, а по неговото завршување, лицата кои го посетувале, се стекнуваат со Сертификати.
Кандидатите треба да се на возраст од 16-30 години, да имаат познавање од програмирање во C++ и математика и да се спремни за прифаќање на предизвиците за усовршување.
Континуирано пријавување на сите заинтересирани, се врши на: 048 400-100 или на следната е-адреса: akademija@mikrosam.com.mk
Конкурсот трае 14 дена од денот на објавување (до 25-ти август, 2008).
<<Назад
|